Посветено на мене - "Затоа што сум идиот најголем..."


"И ја гледам, од далеку. Поубава од кога и да било. Свети. Со сјај во очите и ѕвездена насмевка на лицето. Прекрасно створење. Како можеше да биде толку убава у пичку матер. Не можев да и се изнагледам. "Сероња..."- си прошепотив во себе. "Види каква убавица испушти, идиот." - продолжив... Идиот најголем. Има разлика од идиот и идиот најголем. Јас бев ова второво. И ја испуштив од рака. Таа единствената што ми значеше и вредеше за 100 во еден човечки живот. И знаете зашто? Сакате да знаете зашто сум идиот најголем? Зашто сум идиот најголем. Нема објаснение. Моето его е поголемо од сите планини на светот, ме храни туѓиот женски поглед, а ме хранат и муабетите. Свесно се хранев со се што не треба, и за сето тоа време додека го правев тоа, таа беше тука. Ми беше поткрепа, ми беше столб, ми даде толку љубов. А јас ја уништив. Ја сомлев. Ја докрајчив и ѝ ги скршив изгледите за љубов. И ене ја сега ја гледам, во диско, со другарки, другари... Искача. Тажна по мене, а со некоја чудна насмевка, како да сака да каже дека е ОК. "Види ме ти, гаду! Мислеше ќе ме уништиш?" .... Како да сакаше да покаже дека е јака и ќе издржи. Силна. Секогаш толку силна. И убава. Толку ебено убава. Секогаш се поубава од последниот пат кога ќе ја видам. И ми фали. Оx, колку проклето ми фали. Ама јас сум крив и ќе стиснам заби. Ќе се правам мангуп, ко што знам. Нема да покажам дека сум слаб, а и онака немам што повеќе да ѝ барам. Ми пружи сѐ што имаше, а јас ја вртев на мало прсте. Целосно ми се предаде, а јас и се смеев на солзите, И пак по старо, иста ситуација... Она дома, се нервира каде и со која сум, а јас надвор. Скитам и пијам со жени. Ги бакнувам. И помислувам на неа. Но предобро е за да мислам. Само продолжувам да пијам и да не уништувам двајцата. Се уништив и себе и неа. Си викав, мора да сум проколнат, зошто сѐ добро што ќе ми дојде го испуштам од рака. Ја истрошив. Последните сили ги вложи во мене. Не успеав да се сменам... Само ја повредував. И јас и времето и направивме толку многу резови што веќе беше научена на сѐ. И поднесуваше сѐ. И почна да се оддалечува, од нас, од мене. Секој ден се повеќе. Секој ден се подалеку. И знаете осеќав дека ја губам, ама не можев да се борам. Борбата одамна беше изгубена. Сега сѐ што можев е да ја гледам - како заминува... А колку беше убава, сѐ поубава и поубава од последнит пат кога ќе ја видам, дури и со солзи во очите, беше најубавата девојка што ја имам видено, но веќе не беше моја. Идиот бев. Идиот најголем... Ја испуштив, свесно... И замина. Знаев дека веќе нема да се врати. Беше касно за нас... Не можам да и ја дадам љубовта што ја бара, а тоа ме болеше, зашто знаев дека никогаш нема да има друга како неа. Млада е, ќе најде некој што ќе ја сака повеќе, ќе ја цени повеќе, ќе се труди повеќе... Онака како што јас не знаев... А можев јас. А требаше јас... Требаше јас да бидам тој што го дели животот со неа... Идиот најголем. Што може да направи еден идиот повеќе од тоа да ја изгуби девојката на својот живот?... Ете тој сум јас. Запознајте ме. Среќен со сите и несреќен со ниедна друга освен неа... "






No comments:

Post a Comment